Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Дозвола за привремен престој заради научно истражување

Постојат билатерални договори помеѓу определени институции за вршење на научни истражувања. Македонската академија на науки и уметности има склучено 35 договори со Академии на науки на други држави.

Во Министерството за образование и наука, во Македонската академија на науките и уметностите  како и во акредитираните и регистрирани  високообразовни институции, постојат Регистри  за научни установи, кои се финансираат од МОН.

За научен престој, може да  склучуваат договори само научните  установи кои  што се во регистрите на наведените институции. Постојат и заеднички научно-истражни проекти кои мора да бидат одобрени од МОН. Може да се побара доказ за финансирање на истражувачкиот проект.

Услови за склучување на договор за  вршење на научно истражување

Научната установа која е евидентирана во регистарот на научни установи на Министерството за образование и наука, Македонската академија на науките и уметностите, како и акредитираната и регистрираната високообразовна установа во Република Македонија можат да склучат договор со странецот за вршење на научно истражување ако се исполнети следниве услови:

  • научно-истражувачкиот проект е прифатен од надлежните органи на установата (по утврдувањето нa целта и времетраењето на научното истражување, обезбедувањето на финансиски средства за негова реализација и квалификациите на странецот од аспект на целите на научното истражување, утврдени со заверена копија на неговата диплома);
  • странецот кој ќе врши научно истражување во Република Македонија ќе има доволно средства за издржување за време на неговиот престој во Република Македонија и за негово враќање и
  • странецот кој ќе врши научно истражување во Република Македонија ќе има здравствено осигурување.

Времетраење на дозволата за престој

Дозволата за привремен престој заради научно истражување се издава за период до 1 година и истата ќе се продолжи доколку и понатаму се исполнети условите за продолжување на привремена дозвола за престој.

По истекот на рокот за спроведување на научно истражувачкиот проект утврден со договорот странецот е должен да ја напушти територијата на Република Македонија.

Потребни документи

  • барање за привремен престој заради научно истражување;
  • договор за вршење на научно истражување склучен со научна установа која е евидентирана во регистарот на научни установи на Министерството за образование и наука, Македонската академија на науките и уметностите или со акредитирана и регистрирана високообразовна установа во Република Македонија;
  • доказ за финансирање на истражувачкиот проект;
  • заверена копија за степенот на образование (факултетска диплома, магистратура и слично) и
  • потврда од  надлежната установа со која е склучен договорот за преземање на финансиска одговорност за трошоците за престој, здравственото осигурување и трошоците за враќање на странецот кој ќе врши научно истражување во Република Македонија.