Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Дозвола за привремен престој заради специјализација, стручно усовршување или практично оспособување

Специјализација

Потврдата  за стипендисти ја издава Министерството за Образование, ако не се стипендисти тогаш Министерство за Здравство, клиниката или надлежните институции каде што се врши специјализацијата.

Во прилог на барањето потребно е да го приложи решението  за специјализација,   програма во која е утвдено времетраењето на предвидената специјализација. Во досегашната практика на специјализација за добивање на стручно звање, имаме на медицина и на земјоделски науки каде и  се полагаат испити. Ова го регулира Законот за научно истражна дејност. За специјализација лицето мора да има 3 години работно искуство.

Стручно усовршување

Може да трае месец до два и тоа најчесто во: музеи, во одредена институција и во работна организацијa, фирми, заводи. Странецот мора да  биде стручњак за таа дејност и да се бави со таа дејност .

Ваквата дејност може да биде во рамките на  програми. Министерство за образование потребно е да даде согласност без разлика дали се работи за приватна или државна институција  и за било која област.

Практично оспособување

Подразбира практично работење на странецот за кое што е потребно да приложи програма во која е потребно да стои кој го финансира практичното оспособување, дали е самофинансирање, дали лицето е во работен однос во друга држава, колку трае и да се утврди дали таквото работење подлежи на добивање на дозвола за работа .

Времетраење на дозволата за престој

Дозволата за привремен престој заради специјализација, стручно усовршување или практично оспособување се издава за период до една година и истата може да се продолжува ако се исполнети условите за продолжување на дозволата за привремен престој.

По истекот на рокот утврден во програмата за предвидената специјализација, стручно усовршување или практично оспособување странецот е должен да ја напушти територијата на Република Македонија.