Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Дозвола за привремен престој заради школување или студирање

Дозволата за привремен престој заради школување или студирање се издава за период до 1 година и истата може да се продолжува ако странецот ги исполнува:

  • условите утврдени за продолжување на дозвола за привремен престој;
  • ако приложи потврда од образовната установа дека постигнал значителен напредок во образованието.

Дозволата за привремен престој заради школување или студирање може да се продолжува најмногу до една години од истекот на рокот утврден за тој вид на школување или студирање.

  • По исклучок, доколку постојат особено оправдани причини, дозволата за привремен престој може да се продолжи и по истекот на рокот утврден погоре, но не подолго од една година.
  • Дозволата за привремен престој на странец нема да се продолжи ако се утврди дека странецот го пречекорил дозволениот број на работни часови согласно со закон.

Странецот по завршувањето на школувањето или студирањето заради кое му е одобрен привремениот престој е должен да ја напушти Република Македонија.

Странецот кој во Република Македонија престојува заради школување или студирање не може да се вработи или да работи во Република Македонија.

  • По исклучок, странецот кој престојува заради студирање може да му се дозволи вршење на краткорочни или помошни работи согласно со законот за странци.

Потребни документи

  • барање за привремен престој заради школување или студирање;
  • потврда дека има својство на ученик во средно образование односно редовен студент на образовна установа во Република Македонија;
  • наставна програма за предвиденото образование во Република Македонија издадена од образовната установа во Република Македонија во која странецот е примен на школување, односно студирање, а во која е определено времетраењето на планираното школување, односно студирање, како и условите за запишување на секоја натамошна учебна, односно студиска година;
  • доказ дека го владее јазикот или се запишал на курс за изучување на јазикот на кој ќе се одвива наставната програма во образовната установа во Република Македонија и
  • одобрение од родителите односно старателите зверено од страна на надлежен орган на државата од која доаѓа странецот или од ДКП на РМ во странство (Учениците или студентите кои немаат навршено 18 години живот).