Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Дозвола за привремен престој заради учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти

Ученици или студенти се пријавуваат на конкурс во државата со која РМакедонија има склучено Договор за размена на ученици и студенти.

Средствата за издавање на визата и на дозволата се  покриваат од страна на Министерството за образование. Во размена на ученици доаѓаат само:

  • ученици трета и четврта година, со наполнети 16 години возраст и
  • студентите на возраст до 26 години.

По дипломирањето на ученикот или студентот, Министерството за образование ја известува амбасадата на неговата држава во РМакедонија. Министерството за образование е должно да ја извести амбасадата и доколку го изгубил правото на школување или доколку направил прекршок или кривично дело.

Странецот кој во Република Македонија престојува заради учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти не може да се вработи или да работи во Република Македонија.

Времетраење на дозволата

Дозволата за привремен престој заради учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти, се издава за период до 1 година. По исклучок, ако постојат особено оправдани причини, дозволата може да се продолжи, но не подолго од 1 година.

Потребни документи

  • доказ дека ученикот/студентот е на возраст од 16 до 26 години;
  • потврда од државен орган, односно институција надлежна за извршување на ратификувани меѓународни договори за меѓународна размена на ученици/студенти во која ќе се утврди дека странецот е прифатен во меѓународната размена, како и времетраењето на неговото учеството во програмата за меѓународната размена на ученици или студенти и
  • потврда од државен орган, односно институција надлежна за извршување на ратификувани меѓународни договори за меѓународна размена на ученици или студенти за преземање на финансиска одговорност за странецот, за време на неговиот престој во Република Македонија во однос на трошоците за издржување, сместување, школување односно студирање, здравствено осигурување и трошоците за враќање.