Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Дозвола за вршење на меѓуопштински посебен линиски превоз на патници

Превозникот кој сака да добие дозвола за вршење на меѓуопштински посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај треба да поднесе барање комплетирано со целосна документација до Министерството за транспорт и врски/Секторот за патен сообраќај и инфраструктура.

Потребни документи

  • Барање за дозвола;
  • Договор за превоз склучен со правно лице кој ќе содржи права и обврски на договорните страни особено околу начинот на плаќање, релацијата, времињата на поаѓање и враќање, станиците, заедно со список на патници кој ќе биде составен дел од договорот и другите услови на превозот (оригинал или заверен на нотар);
  • Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко експлоатациони услови за моторните возила издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото (за минимум две возила);
  • Копија од сообраќајни дозволи заверени на нотар (за минимум две возила);
  • Копија од лиценца за вршење на слободен и посебен линиски превоз на патници (заверена на нотар);
  • Копија од возачките дозволи на возачите (минимум еден возач по возило) како и копии од обрасците М1/М2;
  • Потврда од ФПИОМ за платени придонеси за секој вработен поединечно или потврда поврзана со список на обврзници од правниот субјект не постара од 90 дена (оригинал или заверена на нотар);
  • Возен ред во табеларен облик и
  • Уплата во износ од 1000 денари  по дозвола (уплатница).