Информации

Државен архив на РМ
кеј Димитар Влахов бр.19, 1000 Скопје
Република Македонија тел. 02/3115-783
факс. 02/3165-944
Е-пошта: contact@arhiv.gov.mk

Државен архив на РМ

Во Државниот архив, поточно во неговите девет дисперзирани одделенија во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица, Тетово и Штип се наоѓаат депoнирани збирки на матични книги (на родени, крстени, венчани и умрени лица од крајот на 19-ти и првата половина од 20-ти век). Во случајот станува збор за оригинални книги кои од страна на матичните служби на Министерството за внатрешни работи своевремено се депонирани во Државниот архив, без право на увид и манипулација од страна на вработените во архивот.

Државниот архив на Република Македонија во одделението во Скопје има депонирана обемна архивска документација од судска провениенција која само е депонирана, без право на увид и манипулација од страна на вработените во архивот.

Државниот архив на Република Македонија ги врши работите што се однесуваат на:

  • чувањето и заштитата на архивската граѓа со која располага Република Македонија;
  • средувањето и обработката на граѓата и
  • врши архивски истражувања.

Државниот архив на Република Македонија има својство на правно лице.