Информации

Државен испитен центар
„Васил Ѓоргов“ бб, 1000 Скопје
Тел: +389 23293 080
Факс: + 389 23293 089

Државен испитен центар

За извршувањето на работите согласно со надлежностите на Државниот испитен центар предвидени со Законот за државниот испитен центар, се образуваат подрачни единици според мрежата на основните и средните училишта во Република Македонија.

Управниот одбор на Државниот испитен центар ги има следниве надлежности: 

  •  го донесува статутот на Државниот испитен центар,
  • ја донесува годишната програма за работа на Државниот испитен центар и ја доставува до Министерството за образование и наука и до Владата на Република Македонија најдоцна до 31 јануари,
  •  jа донесува завршната сметка,
  •  го донесува годишниот извештај за работењето на Државниот испитен центар и го доставува до Министерството за образование и наука и до Владата на Република Македонија најдоцна до 31 јануари,
  • дава согласност на актите за организација и работа и систематизација на работните места на Државниот испитен центар,
  • одлучува по приговорите во врска со работниот однос на вработените во Државниот испитен центар,
  •  донесува деловник за својата работа.