Информации

Државен совет за превенција на малолетничко престапништво
Ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9
1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3117-277,
Факс:
+389(2) 3226-975

Државен совет за превенција на малолетничко престапништво

Државниот совет е самостоен и независен во вршењето на работите определени со овој Законот за малолетничка правда.

Државниот совет ги има следниве надлежности: 

  •  донесува Национална стратегија за превенција на малолетничкото престапништво,
  • донесува годишни програми и планови за остварување на програмата,
  • донесува Деловник за својата работа,
  •  предлага средства во предлогот на буџетската пресметка на Министерството за правда потребни за неговата работа,
  • дава иницијативи за подобрување на законските решенија и мислења за предлози на закони од значење за заштитата на правата на малолетниците и спречувањето на малолетничкото престапништво,
  •  покренува иницијативи за пошироко запознавање на граѓаните со правата на малолетниците и расправи за здраво семејство, за заштита на малолетниците од наркоманија, алкохолизам и други болести на зависност, за проблемите на образованието и воспитувањето, за односот на средствата за јавно информирање и за другите фактори кои влијаат врз спречувањето на малолетничкото престапништво,
  • иницира истражувања и студии за проблемите на малолетничкото престапништво,
  •  соработува со меѓународни организации и тела, ангажирани во заштитата на правата на детето и спречувањето на малолетничкото престапништво,
  •  подготвува годишни извештаи за својата работа и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво што ги доставува до Собранието и Владата на Република Македонија, Судскиот совет и Врховниот суд на Република Македонија, кои се должни да ги разгледаат и да преземат соодветни мерки и активности, согласно со своите надлежности.