Информации

Државен завод за статистика
ул. „Даме Груев“ бр.4
1000 Скопје
тел. + 389 (2) 3295 600

Државен завод за статистика

Државниот завод за статистика  е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество.

Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на земјата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти..