Информации

Државна комисија за жалби по јавни набавки
Ул. „Илинденска“ бр. 63 Поштенски бр. 1000 Скопје;
Тел:
+389(2) 3251-251
Факс:

+389(2) 3251-250

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки е надлежна за решавање жалби во постапката за доделување на договори за јавни набавки и е самостоен државен орган со својство на правно лице. Државната комисија обезбедува правна заштита врз основа на принципите на законитост, ефикасност, економичност и контрадикторност на постапката.

Комисијата, во зависност од постапката за доделување на договорот за јавна набавка, ги врши следниве работи: 

  • спроведува технички дијалог со економските оператори,
  • отворање на понудите,
  •  водење на записник,
  • утврдување на способноста на економските оператори,
  • утврдување на избрани кандидати,
  •  проверување на техничките понуди поднесени од понудувачите во врска со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација,
  •  проверување на финансиските понуди поднесени од понудувачите во врска со цената, соодветни финансиски и други услови утврдени со тендерската документација,
  •  утврдување на неприфатливи понуди, како и причините заради кои тие понуди се сметаат за неприфатливи,
  • утврдување на прифатливи понуди,
  • предлагање на најповолната понуда,
  •  подготвување на извештај за спроведената постапка,
  • известување на учесниците во постапката за исходот од соодветната постапка и
  •  други работи согласно со  Закон за јавните набавки.