Информации

Фитосанитарна политика
ул. Јуриј Гагарин бр. 15
1000 Скопје
тел:3134-477
факс: (02) 3230 429
email: info@mzsv.gov.mk
web: http://www.mzsv.gov.mk

Фитосанитарна управа

Фитосанитарната управа како национален орган во состав на Министерството за земјоделство. Фитосанитарната политика ја уредуваат 3 закони и тоа:

  1. Закон  за здравјето на растенијата
  2. Закон за ѓубриња
  3. Закон за производи и заштита на растенијата

Управата според Законот за ѓубриња е надлежна за вршење на следниве задачи: 

  •  спроведува постапка за запишување во регистар на правни лица за производство ,пласирање на пазар на големо и мало, увозници и евидентирање во Листата на ѓубриња;
  •  ја следи состојбата од областа на употребата на ѓубрињата и нивната ефикасност врз растенија или растителни производи, производството и пласирањето на пазарот;
  •  изготвува годишна програма за мониторинг и контрола на користените ѓубриња во примарното производство;
  •  изготвува годишна програма за мониторинг на контрола на квалитетот и декларирањето на ѓубриња;
  • соработува со други надлежни органи;
  •  го утврдува исполнувањето на условите за запишување во соодветниот регистар, води регистри, евиденција и листи;
  •  ја претставува Република Македонија и ги информира Европската унија и меѓународните организации од областа на ѓубрињата;
  • воведува информативен систем, прибира, обработува, посредува и чува податоци за ѓубрињата;
  • организира обука на сите вклучени во пласирањето на пазарот, употребата на ѓубрињата, издава публикации и упатства и
  • извршува други работи определени со овој закон.