Информации
Генерален секретаријат на Владата на РМ
Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје
Тел: +389 2 3118-022
Генерален секретаријат на Владата на РМ
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија обезбедува логистичка – стручна поддршка на Владата во целина, на Претседателот на Владата, замениците на Претседателот на Владата, министрите (членовите на Владата), а со цел за законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата на Република Македонија.
Генералниот секретар раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа.
Генералниот секретар:
- раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа;
- обезбедува законита и ефикасна работа на Генералниот секретаријат и донесува стручни упатства и акти со кои ја уредува организацијата и начинот на работа и во согласност со закон одлучува за правата, должностите и одговорностите на вработените во Генералниот секретаријат;
- остварува соработка со Канцеларијата на Претседателот на Владата во рамките на своите надлежности;
- соработува со министерствата и со другите органи на државната управа, особено по прашањата на стратешките приоритети и анализа на политиките;
- остварува соработка со државните секретари во врска со доставување на материјалите на Владата и спроведување на заклучоците на Владата;
- во согласност со упатствата на Претседателот на Владата ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата;
- учествува во работата на седниците на Владата без право на одлучување и се грижи за процедуралните прашања во текот на седницата на Владата;
- се грижи и обезбедува услови за работа на работните тела на Владата;
- ги доставува заклучоците на Владата до надлежните министерства;
- се грижи за објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”;
- го организира подготвувањето на Годишната програма за работа на Владата;
- се грижи за извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.