Информации

ГЕОЛОШКИ ЗАВОД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Булевар „Св. Климент Охридски“ бр.15 1000 Скопје Телефони: 02/3201-860, 3201-458, 3201-459 Факс: 02/3201-458 contact@geol.gov.mk

Геолошки завод на Република Македонија

Геолошкиот завод на Република Македонија е стручна, самостојна, управна организација чие седиште се наоѓа во Скопје. Се основа поради заради вршење на основните геолошките истражувања од јавен интерес на Република Македонија.

Надлежности на Геолошкиот завод на РМ:

  • врши истражувачки, стручно аналитички и други работи од областа на основните геолошки истражувања кои се од јавен интерес на Република Македонија, а кои се однесуваат на изработка на основните геолошки, хидрогеолошки, инженерско-геолошки, геохемиски и сеизмотектонски карти и други геолошки карти,
  • врши подготовка за нивно печатење,
  • врши утврдување на закономерноста на концентрацијата и разместувањето на природните минерални суровини во земјината кора,
  • ги подготвува геолошките подлоги за просторно планирање, градежништво, водоснабдување, земјоделство, шумарство, урбанизација и изградба на инфраструктурни објекти,
  • учествува во изработката на стратегијата за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини,
  • воспоставува контакти со меѓународни геолошки институции преку размена на геолошки информации, за геолошкиот состав и структура на земјината кора, подготвува и реализира заеднички истражувачки проекти,
  • ги подготвува податоците за меѓународниот геолошки информациски систем;
  • ја предлага програмата за основните геолошки истражувања на просторот на Република Македонија до Владата на Република Македонија,
  • ги архивира, управува и издава податоци од основните геолошки истражувања,
  • ги архивира, управува и издава податоци од деталните геолошки истражувања, резултати во сопственост на Република Македонија,
  • ги архивира, управува и издава податоци од научните и проспекциските геолошки истражувања и
  • го креира и да го развива единствениот геолошки информациски систем и да дава информации и податоци на корисниците на резултатите од геолошките истражувања.