Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход

Обврзникот на данокот на доход е должен да поднесе Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) за остварениот доход по истекот на годината за која се утврдува данокот, најдоцна до 15-ти март наредната година.

Приходите кои граѓанинот ги остварува во земјата и во странство, задолжително треба да ги пријави во Управата за јавни приходи, со поднесување на Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок од доход (образец “ПДД-ГДП“). Во образецот се пријавуваат приходите кои даночниот обврзник ги остварил во текот на една календарска година и тоа: лични примања, приходи од самостојна дејност, приходи од имот и имотни права, од авторски права и права од индустриска сопственост, од капитал, од капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, и други приходи. Даночниот обврзник кој остварува само приходи од плати или пензии, само приход од земјоделска дејност или само приходи од самостојна дејност не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.

На даночниот обврзник ќе му се изрече глоба ако не поднесе Годишна даночна пријава во пропишаниот рок или пријави приходи во помал износ отколку што тој фактички изнесува, или не ги пријави приходите.

Електронско пријавување на персоналниот данок на доход

За да ги преземете интерактивни упатства во кои практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“), како и постапката за регистрација и користење на системот е-Даноци преку кој како граѓанин можете да ја поднесете својата даночна пријава до Управата за јавни приход, кликни тука.

Потребни документи