Информации

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел. (02) 3204 800
Факс. (02) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Запишување хипотека

За да извршите запишување на заложно право – хипотека на недвижностите запишани во катастарот на недвижностите, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

Делумно бришење хипотека (паушал од 1000 денари во согласност со член 4 и член 6 од Тарифникот)
 Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:
Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

Предвиден рок за постапката: 1 ден.

По извршената промена, можете да поднесете барање за да добиете имотен лист со запишана хипотека.

Дополнителни информации

Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката со Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.