Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Игри на среќа
Видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Република Mакедонија се уредуваат со Законот за игри на среќа и за забавните игри.
- Игрите кои не се уредени со Законот за игри на среќа и за забавните игри не се сметаат за игри на среќа и игри за забава и е забрането да се приредуваат.
Игрите на среќа и забавните игри се организираат заради забава на учесниците во играта, како и за стекнување средства што се приход на Буџетот на Република Македонија.
- Приходот во Буџетот остварен од игрите на среќа и од забавните игри, првенствено се користи за финансирање на одредени годишни програми и задачи на здруженија на граѓани (програмите на Здруженија на хендикепирани лица, спортот и за Црвениот крст на Република Македонија).
- Износот на средствата се определува на 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 60.000.000 денари и не повеќе од 120.000.000 денари.
- Распределбата на средствата ја врши Владата на Република Македонија, врз основа на поднесените програми од страна на Министерството за труд и социјална политика.
- Учесници во игрите на среќа и во забавните игри можат да бидат лица кои ги исполнуваат условите пропишани со Законот и со правилата на игрите.
- Приредувањето на игрите на среќа е право на Република Македонија кое согласно Законот може да го пренесе на други приредувачи на игри на среќа.