Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk Работно време
08:30-16:00 часот

Издавање на дипломатски и службен пасош

Дипломатскиот и службениот пасош се исправи кои се издаваат на носител на јавна функција, државен службеник и работник во државните органи, заради обезбедување на нивна заштита при патување во странство за извршување на службените задачи, во согласност со меѓународното право.

Дипломатскиот и службениот пасош може да се користи само ако има виза.

Дипломатски пасош се издава на:

-избрани и именувани лица;

-раководни државни службеници и раководни работници во државни органи;

-на дипломатско-конзуларни службеници вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство;

-на воени претставници и претставници на безбедносните органи на Република Македонија во странство кои имаат дипломатски статус;

-на лица кои со одлука на Владата на Република Македонија заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации;

-на дипломатски курири;

-на членовите на потесното семејство или на вонбрачната заедница на лицата кои се упатени на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, кога истите живеат со нив во заедничко домаќинство во странство во време на дипломатската мисија.

Барањето за издавање на дипломатски и службени пасоши и визи, со комплетна документација за носител на јавна функција, државен службеник или работник во државен орган се доставува до Министерството за надворешни работи најдоцна седум дена пред реализација на службеното патување во странство, односно пред истекот на рокот на важност на дипломатската или службената виза.

Барањето за издавање на дипломатски и службени пасоши и визи се потпишува од страна на функционерот кој раководи со државниот орган, неговиот заменик или од негова страна овластено раководно лице.

Стандард за доставување: 5 дена.

Потребни документи:

-акт за избор или именување на функција, односно решение за работно место на лицето за кое се бара издавање дипломатска или службена виза;

-пополнет образец-барање, потпишано од лицето за кое се бара издавање дипломатска или службена виза;

-уверение за државјанство, пасош или лична карта ба увид;

-покана од органот или институцијата од земјата домаќин или решение за службен пат и

-уплатница (образец ПП 50).

Во барањето за издавањето дипломатски пасош или виза се наведува:

-основата за издавање на дипломатскиот или службениот пасош;

-основата за службеното патување, односно определувањето на лицето за преставник или член на делегацијата и

-периодот на престој во странство.