Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Издавање на патен лист

Патен лист се издава на македонски државјани на кои рокот на важење на патната исправа е истечен, или патната исправа е оштетена, изгубена или украдена. Исто така, патен лист може да се издаде за новородено дете за кое сè уште нема извадено македонска патна исправа, а треба итно да патува за Република Македонија.

Потребни документи за издавање патен лист:

-лично пополнето барање за издавање патен лист (за малолетни лица барањето го поднесуваат лично двајцата родители или едниот родител што е законскиот старател);

-една фотографија со димензии 3,5 см х 4,5 см;

-доказ за идентитет (важечки македонски или странски документ со фотографија во оригинал). Доколку не се приложи документ за потврда на идентитетот, тој може да биде потврден со заверена изјава од сведоци, а патниот лист се издава врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија;

-доказ за државјански статус (важечка лична карта, пасош или оригинал Уверение за државјанство на Република Македонија). Доколку не биде приложен доказ за државјански статус, патниот лист може да се издаде врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија;

-доказ за платена конзуларна такса во висина од 30,00 евра, доколку патниот лист се издава без согласност, односно 36,00 евра, доколку патниот лист се издава врз основа на согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. За државјаните со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута;

-за некои држави, покрај патен лист, потребно е да се достави и потврда од надлежните органи дека патната исправа е изгубена или украдена.

Важна информација:

Патниот лист е патна исправа што исклучиво служи за враќање во Република Македонија и има рок на важење 30 дена од денот на нејзиното издавање. Пред да патувате за Република Македонија, проверете во дипломатско-конзуларните претставништва на земјите што ќе ги транзитирате дали е потребно претходно добивање виза.