Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единици на МВР на територија на РМ
- Подрачна единица на МВР Скопје:
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар,
Бесплатно телефонско закажување на:
0800 192 92
Работно време на шалтерите
од понеделник до петок
од 8:30 до 21:30 ч.

Издавање на патна исправа за малолетни лица

Телефонското закажување преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 е задолжително за сите апликанти.

Во останатите надлежни организациони единици на МВР поднесување на барање за пасош и подигање на истиот се врши на шалтерите.

Потребни документи за добивање на патна исправа за малолетни лица:

-барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето;

-уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот;

-уплата за административна такса од 100,00 денари на уплатница за лица до 4 годишна возраст;

-уплата за административна такса од 200,00 денари на уплатница за лица од 4 до 27 годишна возраст;

-по службена должност се прибавува препис од матичната книга на родените;

-лична карта (на родителот- подносител).

Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство.

Напомени:

-за малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, барањето за издавање на патна исправа или виза го поднесува еден од родителите, односно старателот;

-кога барањето за издавање патна исправа за малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, поднесува еден од родителите, службеното лице врши проверка на брачниот статус на подносителот во службените евиденции;

-кога родителското право го врши еден од родителите, барањето за издавање на патна исправа или виза за лице помладо од 18 години го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување, со согласност и од другиот родител;

-ако другиот родител на лицето од ставот 1 на овој член се противи на издавањето на патната исправа или виза, органот надлежен за издавање на патни исправи и визи постапува во согласност со Законот за семејство;

-за лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години.

Стандард за доставување (временски рок): најдоцна 15 дена.