Информации

Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги на РМ
бул. „Св. Кирил и Методиј“ 54, 1000 Скопје
e-пошта: contact@uvmk.gov.mk
Тел.: 02 3223-787
Факс: 02 3215-406
Работно време: од понеделник до петок, од 7:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот
Подрачни одделенија и канцеларии на Управата низ државата

Издавање на уверение за слободна брачна состојба

Уверението за слободна брачна состојба е документ со кој се докажува дали барателот има склучено брак со некое лице или нема склучено брак.

Постапката за издавање на уверение за слободна брачна состојба се иницира со пополнување на барање за издавање на уверение за слободна брачна состојба, кое треба да се поднесе до подрачното одделение на Управата за водење на матичните книги според местото на раѓање на барателот, заедно со следните документи:

1. Лична карта/пасош во оригинал на увид;
2. Уплатница на износ од 1.000,00 денари на сметката на Управата за водење на матичните книги за издавање уверение за слободна брачна состојба;
3. Уплатница на износ од 50,00 денари административна такса.

Наведените износи може да се уплатат и со картичка непосредно на шалтерот при Управата за водење на матичните книги.

Рокот за обезбедување на ова уверение е 2 работни дена од моментот на поднесување на барањето со потребните документи.

Уверението за слободна брачна состојба може да се обезбеди и преку Електронскиот матичен регистар.