Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единици на МВР на територија на РМ

Издавање на заеднички пасош

Заедничкиот пасош е патна исправа која се издава за група од најмалку пет, а најмногу 50 државјани на Р. Македонија, кои заедно патуваат во странство и заедно се враќаат во земјата.

Опис на постапка

Со барањето за издавање на заеднички пасош или патен лист се приложуваат и две фотографии со пропишана големина, од кои може да се утврди идентитетот на лицето на кое му се издава заедничкиот пасош, односно патниот лист.

Во барањето за издавање на заеднички пасош се наведуваат податоци за: водачот и за членовите на групата, странската држава, односно држави во кои групата има намера да патува, предвиденото време на престој во странство,  името и презимето и бројот на патната исправа на водачот  на членовите на групата.

Водачот на групата се внесува во заедничкиот пасош под реден број еден.

Лицата кои се внесени во заедничкиот пасош се должни да имаат со себе јавна исправа со фотографија од која може да се утврди нивниот идентитет.  Доколку лицето кое се внесува во заедничкиот пасош, поседува и личен пасош, истиот се остава на чување во Министерството за внатрешни работи каде што е издаден заедничкиот до завршување на патувањето.

Рок на важење

Заедничкиот пасош се издава со рок на важење кој е потребен за извршување на заедничкото патување во странство, но не подолго од една година. Заедничкиот пасош се издава со важност за едно патување во одредена држава, односно држави.

Предвиден рик за позтапката: најдоцна до 15 дена од денот на  поднесување на барањето.

Потребни документи:

-барање за издавање на групна заедничка патна исправа;

-важечка лична карта или друга јавна исправа;

-извод од МКР или друг документ со фотографија- за малолетно лице;

-100,00 денари- административна такса за барањето;

-2.000,00 денари- административн такса за образецот на пасошот;

-2 идентични фотографии и

-согласност од родителите или старател на малолетно лице.