Информации

Јавно ообвинителство на РМ
Кеј Димитар Влахов бб,1000 Скопје
Тел. +389 (0)3298 -288
Факс. +389 (0)3219 – 881
Е-пошта: jorm@jorm.org.mk

Јавно обвинителство на РМ

Јавното обвинителство на РМ е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон.

Jавниот обвинител има повеќе надлежности:

  • да превзема потребни мерки во врска со откривањето на кривичните дела и со пронаоѓањето на сторителите и заради насочување на преткривичната постапка;
  • да бара спроведување на истрага;
  • да го подига и застапува обвинителниот акт, односно обвинителниот предлог пред надлежниот суд;
  • да изјавува жалби против неправосилните судски одлуки и да поднесува вонредни преавни лекови против правосилните судски одлуки и
  • врши и други дејствија определени со закон.

Јавниот обвинител има и надлежности во рамки и на другите со закон уредени постапки:

  • да се изјаснува по вонредните правни лекови – ревизии во парничната поатапка;
  • да поднесува вонредни правни лекови – барања за заштита на законитост во парничната, вонпарничната, прекршочната, управната, извршната постапка и постапките по управни спорови;
  • да учествува во горенаведените постапки како странка во случаите утврдени со закон и
  • врши и други дејствија определени со закон.

Согласно Законот за јавно обвинителство член 17 став 1, Јавниот обвинител на Република Македонија е надлежен и за поднесување на иницијатива за поведување постапка за оценување на согласноста на закон со Уставот и за согласноста на други прописи со Уставот и законите, ако прашањето за уставноста и законитоста се постави во работата на јавното обвинителство.