Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Јавно трговско друштво

Јавно трговско друштво (ЈТД) е трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе физички и правни лица, кои на доверителите за обврските на друштвото им одговараат неограничено и солидарно со сиот свој имот.

  • Јавно друштво се основа со договор за друштвото склучен меѓу основачите.

Влоговите на содружниците во јавното друштво можат да бидат различни.

  • Содружникот може во јавното друштво да вложи пари, ствари, права, труд и услуги.
  • Вредноста на непаричниот влог, содружниците спогодбено ја утврдуваат во пари.

Основањето на ЈТД се запишува во трговскиот регистар.

Опис на постапка

  1. Пријавата за упис на основањето на јавното друштво ја поднесуваат сите содружници на јавното друштво овластени за застапување.
  2. Овластеното лице е должно во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар да поднесе пријава за упис.
  3. Во трговскиот регистар се запишуваат:
    • фирмата и седиштето на јавното друштво;
    • името и презимето, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта (ако содружникот е странско физичко лице) или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, ЕМБС, ако содружникот е правно лице;
    • предметот на работењето на јавното друштво;
    • видот и износот на влогот на секој содружник и
    • начинот на застапувањето на јавното друштво.
  4. Кон пријавата се приложува целосната документација за остварување на постапката.
  5. Содружниците, односно лицата кои според договорот за друштвото, се овластени за застапување приложуваат потписи заверени кај нотар. Странските лица можат да приложат потпис заверен кај надлежниот орган во земјата чиишто државјани се. Потписот не се заверува кај нотар ако се поднесува во електронска форма согласно со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.
  6. Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во јавното друштво, односно истапувањето на содружник од јавното друштво се запишуваат во трговскиот регистар со одлука за измена на договорот за друштвото.

Обрасците за упис во треговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Систем на електронска регистрација

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден.

Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.

Обрасците за упис во трговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Упис на престанувањето на ЈТД во трговскиот регистар

  1. Престанувањето на јавното друштво, сите содружници го пријавуваат за упис во трговскиот регистар, освен ако јавното друштво престане со стечај, односно врз основа на друга правосилна одлука на судот.
  2. Ако јавното друштво престанува со одлука на судот, судот што ја донел одлуката по службена должност, ја доставува и до трговскиот регистар.

Потребни документи

  • пријава за упис на основање на јавното друштво;
  • договорот за друштвото;
  • копија од пасош или од лична карта за странски физички лица или од друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во нивната земја, односно доказ за регистрација ако основач е правно лице;
  • дозвола или друг акт на државен орган или на друг надлежен орган ако таа обврска е определена со закон за упис на јавното друштво во трговскиот регистар;
  • доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар;
  • Изјава од застапникот по закон, односно изјава од физичко лице дека не постои пречка да биде основач на друштвото (член 29 од ЗТД) и
  • Изјава во којашто ги наведуваат дејствијата извршени со цел правилно да се основа трговско друштво и со којашто тврдат дека друштвото го основале во согласност со закон и дека податоците содржани во прилозите (исправите и доказите) коишто ги поднесуваат кон пријавата за упис на основањето во трговскиот регистар се вистинити и се во согласност со закон. Изјавата може да биде поднесена во писмена форма или во електронска форма преку едношалтерскиот систем во согласност со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, Законот за Централниот регистар на Република Македонија и прописите за едношалтерски систем. Истата се заверува кај нотар, односно не се заверува во случај кога се поднесува во електронска форма преку едношалтерскиот систем. (член 32 од ЗТД).