Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Командитно друштво

Командитно друштво (КД) е трговско друштво во коешто се здружуваат две или повеќе физички и правни лица од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото лично со сиот свој имот, односно неограничено и солидарно ако се најмалку два содружника (во натамошниот текст: комплементар), а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото само до износот на запишаниот влог во друштвото (во натамошниот текст: командитор). Влогот на командиторот не може да биде во труд и услуги.

  • Комплементарите учествуваат најмалку со една петтина во вкупниот износ на влоговите.

Основањето на друштвото се запишува во трговскиот регистар.

Постапка за упис на командитно друштво во трговскиот регистар

Опис на постапка

  1. Пријавата за упис на основањето на командитното друштво во трговскиот регистар ја поднесуваат комплементарите. Уписот во трговскиот регистар се врши во писмена форма или во електронска форма .
  2. Овластеното лице е должно во рок од 15 дена  од денот на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар, да поднесе пријава за упис.
  3. Во трговскиот регистар се запишуваат:
    • името и презимето, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта ако содружникот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот важечка во неговата земја и неговото државјанство како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, МБС, ако содружникот е правно лице;
    • фирмата и седиштето на командитното друштво;
    • предметот на работењето на командитното друштво и
    • застапувањето на командитното друштво.
  4. Кон пријавата се приложува целосната документација за остварување на постапката.
  5. Секоја промена на податоци, како и пристапувањето на содружник во командитното друштво, односно истапувањето на содружник од командитното друштво се запишува во трговскиот регистар.
  6. Објавувањето на уписот на основањето на командитното друштво во трговскиот регистар, освен пропишаните податоци, може да го опфати само назначувањето на бројот на командиторите и на вкупниот износ на нивните влогови. Името и презимето, односно фирмата на командиторот не може да се објави без негова согласност. Ова се применува и кога командиторот пристапува кон постоечко командитно друштво, односно истапува од командитното друштво, како и кога се менува видот на влогот или износот до кој командиторот одговара.

Обрасците за упис во треговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат.

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Ако поради истапување на сите командитори во командитното друштво останат најмалку два комплементари, командитното друштво може да продолжи да работи како јавно друштво.

  • Промената се пријавува за упис во трговскиот регистар, во рок од 30 дена од денот на истапувањето на последниот командитор. Кон пријавата за упис се приложува договорот за јавното друштво.

Систем на електронска регистрација

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден.

Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.

Обрасците за упис во трговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат.

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Потребни документи

  • ОБРАЗЕЦ ПО – Пријава за упис на основање на субјект во Трговскиот регистар и регистар на други правни лица;
  • Договор за друштвото;
  • Копија од пасош или од лична карта за странски физички лица или од друга исправа за утврдување на идентитетот важечка во нивната земја, односно доказ за регистрација, ако основач е правно лице;
  • Доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар) доказ за сопственост над подвижната ствар;
  • Изјава од застапникот по закон, односно изјава од физичко лице дека не постои пречка да биде основач на друштвото (член 29 од ЗТД);
  • Изјава во којашто ги наведуваат дејствијата извршени со цел правилно да се основа трговско друштво и со којашто тврдат дека друштвото го основале во согласност со закон и дека податоците содржани во прилозите (исправите и доказите) коишто ги поднесуваат кон пријавата за упис на основањето во трговскиот регистар се вистинити и се во согласност со закон. Изјавата може да биде поднесена во писмена форма или во електронска форма преку едношалтерскиот систем во согласност со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, Законот за Централниот регистар на Република Македонија и прописите за едношалтерски систем. Истата се заверува кај нотар, односно не се заверува во случај кога се поднесува во електронска форма преку едношалтерскиот систем(член 32 од ЗТД);
  • Дозвола или друг акт на државен орган или на друг надлежен орган, ако таа обврска е определена со закон за упис на командитното друштво во трговскиот регистар и
  • Содружниците, односно лицата кои, според договорот за друштвото, се овластени за застапување на командитното друштво  приложуваат потписи заверени кај нотар. Странските лица можат да приложат потпис заверен кај надлежниот орган во земјата чиишто државјани се. Потписот не се заверува кај нотар ако се поднесува во електронска форма согласно со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.