Информации

Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер
Бул. „Гоце Делчев“ бр.8
(зграда на МРТВ – 14 кат)
Tел:
+389(2) 3118 038
Факс:
+389(2) 3114-695
email:
komspi@komspi.mk
web:
www.komspi.mk

Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер  е основана со Одлука на Собранието на Република Македонија.
  • Комисијата одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на информации;
  • се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;
  • подготвува и објавува листа на иматели на информации;
  • дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;
  •  презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за овозможување на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;
  • соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;
  •  дава предлози за потребните средства за работа на Комисијата при изготвувањето на Буџетот на Република Македонија; – донесува Деловник за својата работа;
  •  подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;
  •  извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;
  • донесува Статут, како и други акти со кои го уредува начинот на работа и организацијата на Комисијата и
  •  врши и други работи утврдени со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и со друг закон.