Информации

Комитет за односи меѓу заедниците
„11 Октомври“ бб
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389 23213128
web:
www.sobranie.mk

Комитет за односи меѓу заедниците

Комитетот е постојано работно тело на Собранието на Република Македонија. Комитетот разгледува прашања во врска со односите меѓу заедниците во Република Македонија, а особено:

  • го следи обезбедувањето на правата на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Републиката утврдени со Уставот и закон,
  • разгледува начелни прашања од областа на односите меѓу заедниците и извршувањето на законите, другите прописи и општи акти со кои се уредуваат односите меѓу заедниците,
  • укажува на потребата за донесување закони и други прописи и општи акти со кои се уредуваат односите меѓу заедниците,
  • остварувањето на правото на употреба на јазикот и писмото на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, утврдено со Уставот и закон,
  •  остварувањето на правото на настава на јазикот на заедниците кои не се мнозинство во Републиката во областа на образованието, утврдено со Уставот и закон,
  • остварувањето на правото на изразување на идентитетот и особеностите на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во областа на културата, информирањето, издавачката дејност и во други области, утврдено со Уставот и закон  имплементацијата на принципот на соодветната и правичната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и во другите јавни институции на сите нивоа.