Информации
Агенција за катастар на недвижности на РМ
Генерална дирекција
Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел.+389 (2) 3204 800
Факс.+389 (2) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk;
info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30
Постапка за издавање на копија од катастарски план
Доколку сакате да извадите копија од катастарски план за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:
- БАРАЊЕ во писмена форма
- доказ за платен надоместок за услугата од 183 денари за една катастарска парцела;
Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:
Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.
>> Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 1 ден.
Дополнителни информации
Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.