Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Лични примања
Лични примања се сите приходи што ќе ги оствари обврзникот по основна работен однос, вклучувајќи ги и приходите по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни лица, како и на домашните и странските физички лица кои вршат самостојна дејност.
Видови лични примања:
- плати и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување;
- надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на Законот за персоналниот данок на доход и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството во Република Македонија, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа
- пензии;
- примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва;
- примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции;
- примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.);
- надоместок за врвни спортисти;
- надоместок за време на боледување;
- надоместок за време на отсуство од работа;
- надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва;
- надоместок на членовите на МАНУ;
- плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата и
- секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.
Лични примања се сметаат и други примања, кои наместо во пари се даваат во вид на бонови, парични потврди, акции, стоки, или во некој друг облик кој има парична вредност.
Даночна основа
- Примања по основ на остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодвачот утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, намалена за придонесите и личното ослободување за месецот за којшто се исплатува плата.
- Износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на ЗПДД и сите други надоместоци на трошоците поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството во Република Македонија, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа;
- Платата остварена со работа во странство врз основа на работниот однос што е заснован во земјата, намалена за придонесите и личното ослободување;
- Примања по основ на пензија – остварената пензија намалена за придонесите и лично ослободување. Пресметаниот данок на доход на примањата по основ на пензии и инвалидни се отстапува на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување;
- Примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва – износот на примање, надоместокот;
- Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции – износ на примањето, надоместокот.
- Примања на професионални спортисти – износот на примање, надоместокот;
- Надоместокот за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва – износот на примањето, надоместокот;
- Надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите – износ на примање, надоместок;
- Приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица – износот на примањето, надоместокот;
- Остварената плата и надоместок на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот за странско физичко лице – нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на Република Македонија утврдена со Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, намалени за придонесите и личното ослободување за месецот за кој се исплатува платата;
- Износот на надоместоците на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на ЗПДД и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа на странско физичко лице – нерезидент од работен однос кај резидент на Република Македонија утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството во Република Македонија, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа;
- Остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на рабородавачот што ја остварува резидент на Република Македонија кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија утврдена со Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, намалени за придонесите и личното ослободување за месецот за кој се исплатува платата;
- Износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 6 на ЗПДД и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството во Република Македонија и прописите за органите на државната управа, што се исплатени на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Македонија;
- Примања кои наместо во пари се исплатени во вид на бонови, парични потврди и хартии од вредност нивната номиналната вредност;
- Примања кои наместо во пари се исплатени во вид на стоки -цената која би се постигнала со продажба на стоките.
- Надоместокот што би се постигнал на пазарот за примањата во некој друг облик кој не е наведен во точките од 1) до 7) на членот 15 од Законот за персоналниот данок на доход.
Даночна стапка
- од 01.01 2008 година – даночната стапка изнесува 10%
Надоместоци од работен однос кои не подлежат на оданочување со персонален данок на доход
- надоместок за трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување и исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица, во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на управата;
- надоместок во случај на смрт на вработениот и на член на семејство, до пропишаниот износ;
- отпремнина која се дава при заминување во пензија во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеца;
- надоместоци на трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно;
- помош за претрпени штети од елементарни непогоди до најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.
Утврдување аконтација на данок
Аконтациите на данокот за личните примања ги пресметува и уплатува исплатувачот на личните примања, по одбивка, за секој обврзник и за секој поединечно исплатен износ.
Обврски на исплатувачот при исплата на плата и надомест на плата
- Аконтативни – Обврзникот за пресметка и уплата на персонален данок од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој обврзник за плаќање за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставува до органот за јавни приходи најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образец “МПИН“.
- Годишни – Исплатувачот на личните примања треба да достави: образец “ПДД-ГИ”, до надлежната канцеларија на УЈП на чија територија се наоѓа неговото седиште, и тоа најдоцна до 31 јануари наредната година.