Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Лично и годишно даночно ослободување
Годишното лично ослободување е ослободувањето што го остварува обврзникот на персонален данок на доход при годишно пресметување на данокот на доход во Годишната даночна пријава или во Годишниот даночен биланс и кое во месечни износи го користат примателите на плата.
Износот на годишното лично ослободување го објавува министерот за финансии и истото пред почетокот на секоја година се валоризира со планираниот пораст на нето платите на вработените во Република Македонија.
- Личното ослободување утврдено во член 10 став 1 точка 2 од Законот за персоналниот данок на доход, за 2016 година на годишно ниво, изнесува 88.284,00 денари.
- Личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.357,00 денари, согласно со член 15-а став 2 од Законот за персоналниот данок на доход.