Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за проектирање на градби

Правното лице за проектирање на градби од прва категорија (согласно Законот за градење) треба да има лиценца А за проектирање, а за градби од втора категорија (Согласно законот за лиценца Б) за проектирање.

Потребни документи (лиценца А за проектирање на градби од прва категорија)

  • барање за добивање на лиценца А за проектирање на градби од прва категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност (документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар) и
  • доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за проектирање на градби и еден со овластување Б за проектирање (копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку 3 вработени инженери во правното лице, копија од овластување А за проектирање на градби за најмалку еден инженер и копија од овластување Б за најмалку еден инженер, копија од диплома за најмалку еден инженер).

Потребни документи (лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија)

  • барање за добивање на лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност (документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар) и
  • доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за проектирање на градби (копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку двајца вработени инженери во правното лице, копија од овластување Б за проектирање на градби за најмалку еден инженер и копија од диплома за најмалку еден вработен инженер).

Надоместок за лиценцата

Надоместокот за издавање на  Лиценца за проектирање на градби, треба да се уплати во денарска противвредност според среден курс на НБРМ на денот на уплатата на следната сметка:

  • Цел на дознака: надоместок за добивање на Лиценца за проектирање на градби.
  • Буџетска сметка: 100000000063095
  • Уплатна сметка: 840***06964
  • Приходна шифра: 718142
  • Програма: 00

Висина на надоместокот:

  • Лиценца А – 1000 евра
  • Лиценца Б – 500 евра

*** Ѕвездичките го означуваат бројот на општината каде правното лице има седиште.

Лиценците се подигнуваат во Министерството за транспорт и врски секој работен ден од 10 до 12 часот со приложување на оригинал уплатница за извршен надоместок.