Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за ревизија на проектна документација

Правното лице за вршење на ревизија на проекти за градби од прва категорија  (согласно Законот за градење) треба да има лиценца А за ревизија на проектна документација, а за градби од втора категорија (согласно законот за градење) лиценца Б за ревизија на проектна документација.

Потребни документи (Лиценца А за ревизија на проектна документација)

  • Барање за добивање на лиценца А за ревизија на проектна документација за градби од прва категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност (документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар) и
  • доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за ревизија на проектна документација и еден со овластување Б за ревизија на проектна документација (копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку тројца вработени инженери во правното лице, копија од овластување А за ревизија на проектна документација за најмалку еден инженер и копија од овластување Б за ревизија на проектна документација за најмалку еден инженер, копија од диплома за најмалку еден вработен инженер).

Потребни документи (лиценца Б за ревизија на проектна документација)

  • Барање за добивање на лиценца Б за за ревизија на проектна документација за  градби од втора категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: (документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар) и
  • доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за ревизија на проектна документација (копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку двајца вработени инженери во правното лице, копија од овластување Б за ревизија на проектна документација за најмалку еден инженер и копија од диплома за најмалку еден вработен инженер).

Надоместок за лиценцата

Надоместокот за издавање на  Лиценца за ревизија на проектна документација, треба да се уплати во денарска противвредност според среден курс на НБРМ на денот на уплатата на следната сметка:

  • Цел на дознака: надоместок за добивање на Лиценца за ревизија на проектна документација.
  • Буџетска сметка: 100000000063095
  • Уплатна сметка: 840***06964
  • Приходна шифра: 718142
  • Програма: 00

Висина на надоместокот:

  • Лиценца А – 2500 евра
  • Лиценца Б –  1500 евра

*** Ѕвездичките го означуваат бројот на општината каде правното лице има седиште

Лиценците се подигнуваат во Министерството за транспорт и врски секој работен ден од 10 до 12 часот со приложување на оригинал уплатница за извршен надоместок.