Информации

Град Скопје бул. “Илинден“ бб, 1000 Скопје
во областа на сообраќајот
Тел: +389 (2) 3217 011
e-mail: gradonacalnik@skopje.gov.mk kabinet@skopje.gov.mk

Лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници

Авто-такси превозот се извршува врз основа на лиценци.

Покрај условите за вршење на авто-такси превоз на патници пропишани со одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај, авто-такси превозниците мораат да ги исполнуваат и условите пропишани од страна на советот на општината или на Советот на градот Скопје.

Превозникот доставува Барање за добивање на лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници до општината. Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.

Предвиден рок за постапката: 30 дена по архивирање на барањето, доколку превозникот поседува комплетна документација во поднесокот.

Документ/акт што граѓанинот го добива: Лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници.

Потребни документи

  • доказ за регистрирана дејност со претежна дејност  60.22 (Централен Регистар на РМ);
  • вграден фискален таксиметар (Уверение за бажадареност и Решение од УЈП)
  • Лична Карта (Копија од управителот и такси возачите);
  • уплатница со износ од 3 000,00 денари  за платена административна такса, на: ж-сметка: 100000000063095, уплатна сметка: 840 – 185 – 03182, приходна шифра и програма: 722315-00, трезорска сметка: Буџет на град Скопје, Народна Банка на Р.Македонија за административна такса, тарифен број 13;
  • уверение за немање правосилна судска пресуда;договор за вработување на образец М-1,М-2;
  • копија од сообраќајна дозвола од такси возила во сопственост на превозникот (на ДООЕЛ и на ТП на име на фирмата или на лизинг);
  • потврда за исполнување на техничко експлоатациони карактеристики на возилото од станица овластена за технички преглед (образец бр. 6);
  • список на такси возила и возачи (образец 1-2);
  • две мали фотографии од таксистот;
  • доказ за поседување на службен телефонски број за добивање на такси услуга , такси превоз (ако има);
  • договор за здружување (ако има) и
  • доказ за професионална компететност.