Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај

Превоз во внатрешен патен сообраќај е секој патен превоз на територија на Република Македонија., додека превоз во меѓународен патен сообраќај е секој патен превоз преку најмалку една државна граница.

Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца која ја издава Министерството за транспорт и врски.

Барањето за издавање на лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај се поднесува на образец во А-4 формат, во бела боја до Министерството за транспорт и врски/Секторот за патен сообраќај и инфраструктура.

Кон барањето за издавање на лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај се доставуваат следните документи: 

  1. Доказ за извршена уплата на административна такса. 
  2. Тековна состојба не постара од 6 месеци. 
  3. Доказ дека е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози или да има договор за лизинг (фотокопија од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар). 
  4. Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-eксплоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата. 
  5. Копии од обрасците М1/М2. и список на вработени по обврзник од ФПИО не постар од 60 дена. 
  6. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот. 
  7. Доказ за располагање со сопствен капитал од 9000 евра во денарска противредност за прво возило и по 5000 евра во денарска противвредност за секое наредно возило за превозниците кои поднесуваат барање за лиценца за превоз во меѓународниот јавен сообраќај – Копија од билансот на состојба за претходната година издадена и заверена од Централен Регистар на Р.М или или Договор за депозит од банка или Потврда од банка за депонирани парични средства орочени на рок кој е соодветен на рокот на важење на лиценцата, на износ определен со закон како и гаранција на возила под лизинг кои не се основни средства во фирмата. 
  8. Копија од сертификатот за учество на возачите за вршење на меѓународен превоз за правните субјекти кои поднесуваат барање за лиценца за превоз во меѓународниот јавен сообраќај. 
  9. Потврда дека не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа за безбедноста со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице. 
  10. Потврда дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице.
Лиценцата и изводот од лиценцата се издаваат со рок на важење од четири години.