Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за вршење на превоз на стоки за сопствени потреби во внатрешен и меѓународен патен сообраќај

Превоз за сопствени потреби на патници и стока во патниот сообраќај е превоз што го вршат правни и физички лица заради задоволување на потребите во рамките на својата дејност.

  • Како превоз на стоки за сопствени потреби што го вршат правни и физички лица се смета превозот при кој се превезуваат исклучиво стоки кои се во врска со вршење на нивната основна дејност, при што стоките што се превезуваат се во нивна сопственост или се од нив произведени и продадени, дадени во обработка или доработка, поправка или од нив се дадени на складирање и слично.
  • Како превоз на патници за сопствени потреби што го вршат правни и физички лица се смета превоз со кој се превезуваат исклучиво патници кои се во врска со вршење на нивната приоритетна дејност, при што патниците кои се превезуваат се вработени во правното лице кое го врши превозот.

Превозникот кој сака да добие лиценца за вршење на превоз на стоки за сопствени потреби во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај треба да поднесе барање комплетирано со целосна документација до Министерството за транспорт и врски/Секторот за патен сообраќај и инфраструктура.

Потребни документи

Барањето за издавање на лиценца за вршење на организација на превоз на стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај се поднесува на образец во А-4 формат, во бела боја.

Кон барањето за издавање на лиценца за вршење на организација на превоз на стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај се доставуваат следните документи: 

  1. Тековна состојба не постара од 6 месеци. 
  2. Копии од обрасците М1/М2. и список на вработени по обврзник од ФПИО не постар од 60 дена. 
  3. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот. 
  4. Потврда дека не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа за безбедноста со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице. 
  5. Потврда дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице.