Информации

Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет)
„Мито Хаџивасилев Јасмин”бб (зграда на поранешна „Нова Македонија”, II - спрат, соба број 217),
Поштенски бр. 1000 Скопје

Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет)

За развој, организација и управување на единствена образовна и истражувачка телекомуникациска мрежа во Република Македонија се основа Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет) како јавна установа која врши дејност од јавен интерес.

 МАРнет ги врши следниве работи и задачи: 

  •  ја води затворената телекомуникациска мрежа,
  • го поттикнува развојот на затворената телекомуникациска мрежа,
  •  планира, организира и управува со врските меѓу корисниците на телекомуникациските услуги,
  •  ги води, управува и изведува работите за набавка и изнајмување на потребната програмска, материјална и комуникациска опрема,
  •  организира и изведува обуки и дава стручна помош на корисниците на телекомуникациските услуги,
  • управува со македонскиот домен (домен mk),
  •  обезбедува членство и соработка со соодветни меѓународни организации,
  •  врши комјутерски активности поврзани со истражување и експериментален развој во природните и во техничко-технолошките науки,
  • врши работи поврзани со софтвер (подготвува, издава, дава консултации),
  •  врши консултации во врска со хардвер,
  •  води база на податоци и обработува податоци,
  •  води единствен Регистар на регистрирани поддомени во МК-доменот (во натамошниот текст: Регистарот),
  •  одржува телекомуникациски системи во затворената телекомуникациска мрежа,
  • врши издавачка дејност поврзана со остварувањето на телекомуникациските услуги,
  • врши работи кои се однесуваат на репродукција на комјутерски медиуми;
  •  врши услуги на затворената телекомуникациска мрежа за изведување на програмите на образовните дејности;
  •  врши работи кои се однесуваат на поврзување на затворената телекомуникациска мрежа на корисниците на телекомуникациските услуги;
  •  обезбедува стручно и техничко поврзување со сродни телекомуникациски мрежи во странство и
  •  воспоставува, одржува и развива соработка со други телекомуникациски мрежи во Република Македонија и во странство.