Информации
Македонска банка за подршка и развој
Ул. „Вељко Влаховиќ" бр. 26
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел: +389(2) 3290-849
Факс: +389(2) 3239-688
email: info@mbdp.com.mk
web: www.mbdp.com.mk
Македонска банка за поддршка на развојот
Цел на Македонската банка за поддршка на развојот е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на Република Македонија.
Надлежности на Македонска банка за подршка и развој (МБПР)
- кредитирање во земјата, вклучувајќи и финансирање на комерцијални трансакции;
- издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување;
- откуп, продажба и наплата на побарувања;
- платен промет во земјата и во странство, вклучувајќи продажба на девизи;
- факторинг и форфетинг за сметка на клиенти;
- тргување со хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
- прибирање, обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица и нивна продажба;
- економско-финансиски консалтинг;
- кредитно осигурување од комерцијални и политички ризици и
- осигурување на инвестиции.
- МБПР активностите од ставот (1) на овој член ги врши во свое име и за своја сметка и во име и за сметка на Република Македонија врз основа на договор.
- МБПР може да врши и други активности и работи од свое име и за своја сметка, доколку истите се во врска со извршувањето на задачите од членот 10 на овој закон и активностите од ставот (1) на овој член. МБПР може да прима депозити од правни и физички лица само доколку истите служат како обезбедување на плаќањата во врска со активностите на МБПР од ставот (1) на овој член.
- МБПР нема да и одобрува кредити или да и издава гаранции и други форми на обезбедување на Република Македонија и на буџетските корисници и единките корисници на средства од Буџетот на Република Македонија.