Информации

Станици за технички преглед распоредени на територија на РМ

Меѓународна возачка дозвола

При патување, односно управување на моторно возило во странство , возачите мора да поседуваат важечка Меѓународна возачка дозвола (МВД).

Овој документ всушност претставува препис на националната возачка дозвола на повеќе светски јазици . Формата и содржината на образецот на МВД се меѓународно унифицирани, а се пропишани со Меѓународната конвенција за сообраќајот на патиштата (Виена, 1968 година).

  • МВД е потребна при патување во повеќето европски држави, а во земјите во кои не се бара, поседувањето на оваа дозвола е неопходно за управување на автомобили со тамошни регистарски таблици или изнајмени (рент – а – кар) возила.
  • МВД може да им се издаде на сите возачи кои поседуваат важечка национална, македонска возачка дозвола.
  • МВД ги издава правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи.
  • МВД не може да му се издаде на возач на кого му е изречена казна, односно прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, за периодот додека трае забраната. На правното лицe кое постапува спротивно на ова, ќе му се изрече глоба во износ од 650 евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 520 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.
  • МВД издадена во Република Македонија не може да се користи за управување со моторни возила на територијата на Република Македонија.

Рок на важење

Меѓународна возачка дозвола се издава со рок на важење од 3 години од денот на нејзиното издавање,  односно со рок на важење до денот на важење на  возачката дозвола, доколку истекот на нејзината важност е помал од 3 години.

Потребни документи

  • важечка македонска возачка дозвола;
  • важечка лична карта или пасош (за идентификација) и
  • две фотографии (3,5 x 4,5 cm).