Информации

Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин бр. 5, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3093 408,
факс.+389 (2) 3084 472

Министерство за економија

Министерството за економија ги врши работите што се однесуваат на:

  • следењето на состојбата и појавите на пазарот на стоки и услуги и влијанието на мерките на економската политика;
  • следењето на економските, структурните и техничко-технолошките состојби и предлагање на мерки за остварување на развојната и тековната економска политика во областа на производството, трговијата, туризмот, угостителството и занаетчиството;
  • преземањето мерки против монополската положба и монополското однесување;
  • следењето на тековните материјални биланси и снабдувањето на граѓаните со основните прехранбени производи и други стоки за широка потрошувачка и на претпријатијата со суровини и репроматеријали;
  • системот и политиката на цени на производи и услуги;
  • подготвувањето програма за глобален материјален развој на човечките ресурси;
  • индустриската сопственост;
  • заштитата на потрошувачите;
  • малите и средните претпријатија и задругарството;
  • следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи на Република Македонија;
  • надворешно-трговското работење;
  • геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини;
  • енергетиката;
  • примената на општите и техничките нормативи, прописи и стандарди;
  • метрологијата;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.