Информации

Министерство за надворешни работи на РМ
„Даме Груев“ бр. 6, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3115 266;
+389 (2) 3110 333
факс. +389 (2) 3115 790

Министерство за надворешни работи

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на:

  • надворешните работи и надворешната политика на Република Македонија;
  • воспоставувањето, развивањето и координирањето на односите, претставувањето и афирмирањето на Република Македонија на меѓународен план;
  • заштита на интересите, правата и имотот на Републиката и нејзините државјани и на домашните правни лица во странство;
  • координирањето и известувањето за политиката од надлежноста за која е основано;
  • грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;
  • организацијата и раководењето со дипломатските, конзуларните и други претставништва на Република Македонија, како и организирање на системот на врски со нив;
  • склучувањето, ратификувањето и чувањето на меѓународните договори;
  • определувањето и одбележувањето на државната граница;
  • комуникацијата и соработката со странските дипломатски и конзуларни претставништва на странски држави и мисии на меѓународни организации во Република Македонија;
  • акредитацијата на амбасадори, приемот на акредитивни писма, издавањето привилегии и имунитети на странски дипломатски претставништва и претставништва на меѓународни владини организации и други работи во врска со именувањето и отповикувањето на амбасадори на Република Македонија во странство;
  • собирањето, проучувањето и грижата за странската и домашната документација од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.