Информации
Министерство за здравство „50 та Дивизија“ бр.14 1000 Скопје Телефони: Централа:+389 (02) 3 112 500 Факс: +389 (02) 3113 014 Кабинет на министерот: + 389 (02) 3126 206 Кабинет на заменик министер: + 389 (02) 3112 921 Кабинет на државен секретар: + 389 (02) 3232 571 Одделение за односи со јавноста: + 389 (02) 3 112 500 Локал 142 Државен санитарен и здравствен инспекторат: + 389 (02) 3112 500 Локал 105
Министерство за здравство
Министерството за здравство ги врши работите што се однесуваат на:
- здравствената заштита и здравственото осигурување на населението;
- загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните продукти;
- организацијата и развојот на здравството;
- следењето на здравствената состојба на населението;
- заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења, бучавата, загаденоста на воздухот, водата и земјиштето;
- прехранбените производи и предмети за општа употреба;
- хигиено-епидемиолошката состојба;
- лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала, медицинската опрема, санитетските уреди и материјали;
- отровите и опојните дроги;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.