Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Ул. „Аминта Трети“ бр. 2 1000 Скопје, Република Македонија Тел. 02/3134-477 Факс: 02/3230-429 Е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги врши работите што се однесуваат на:

  • земјоделството, шумарството и водостопанството;
  • користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
  • ловот и риболовот;
  • заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
  • следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
  • хидромелиоративните системи;
  • хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
  • проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.