Информации
Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин 15,Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408
Факс. +389 (2) 3084 472
email: contact@economy.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30
Мислење од Министерство за економија за продолжување на лична работна дозвола на странец
Странец кој има намера да основа или заеднички основа приватна комерцијална компанија (трговско друштво) согласно со Законот за трговските друштва и да ја претставува (трговско друштво) врз основа на правото за основање, како и странец кој има намера да ја извршува својата дејност како единствен сопственик или странец кој има намера самостојно да извршува стручна дејност, согласно со Законот за вработување и работа на странци треба да добие лична работна дозвола за самовработување која ќе се издаде за претставување на компанијата (трговско друштво), извршување на дејност како единствен сопственик или за извршување на професионални деловни активности. Согласно со овој закон дозволата ќе важи една година од денот на нејзиното стекнување.
Опис на постапка
- За продолжување на лична работна дозвола, странецот до Агенцијата за вработување треба да достави мислење од Министерството за економија.
- Кон барањето за добивање на мислење од Министерството за економија, странецот треба да достави Информација за економско – финансиската состојба на субјектот за претходната година и деловен план со показатели за економската подобност од самовработувањето на странецот.
Предвиден рок за постапката: Министерството за економија, мислењето по барањето го доставува до странецот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
Агенцијата за вработување, на странецот за кој е добиено негативно мислење од Министерството за економија во однос на неговото самовработување во Република Македонија, изготвува решение со кое се одбива барањето за продолжување на работната дозвола.
Потребни документи
- Барање за издавање на Мислење за реализација на деловен план за вработување на странец;
- Информација за економско финансиска состојба на субјектот – оригинал или копија заверена на задната страна со потпис и печат од барателот (од Централен регистар);
- Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица – оригинал или копија заверена на задната страна со потпис и печат (Централен регистар) и
- Уплатница за административна такса во износ 50, 00 ден.