Информации

Народен правобранител на РМ
Ул. Македонија бр.19,1000 Скопје
тел. +389 (2) 3129 335
факс. +389 (2) 3129 359
email. contact@ombudsman.mk

Народен правобранител на РМ

Народниот правобранител е орган на Република Македонија кој ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата  на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби.

Народниот правобранител интервенира кога:

  • се повредени поединечни права на граѓаните со акти или дејства на органите на државната управа и другите органи и организации што имаат јавни овластувања;
  • по барања на граѓани се донесени управни акти (решенија, заклучоци, уверенија, потврди, мислења и сл.) со кои погрешно е утврдена фактичката состојба, погрешно е применет материјалниот закон, повредена е управната или друга постапка;
  • се дејствувало самоволно, бирократски, недолично и нехумано спрема граѓаните; не се постапувало по барањата или се донело позитивно решение по барањето без законска основа;
  • се одолжува постапката по барањето;
  • не се вклучува заинтересирана странка во постапката;
  • странката се упатува од еден на друг шалтер или од еден на друг орган за работи и прибирање докази што органот може и службено да ги прибави и кога
  • не се спроведуваат извршните и конечните управни акти, и не се постапува по упатствата на второстепените управни и судските органи.

Граѓанинот може да поднесе претставка:

  • писмено (лично или по пошта);
  • усно на записник во просториите на Народниот правобранител;
  • по телефон или телефакс;
  • по електронски начин.