Информации

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Порта Буњаковец А2-1
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3109045
Факс:
+389(2) 3109043

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција со остварување на програмите придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.

Надлежности на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

  • придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации, а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката;
  • придонесува кон развивање на квалитетно доживотно учење и промовира одличност, иновација и европска димензија на системите и практиките од областа;
  •  помага при подобрувањето на квалитетот, атрактивноста и пристапноста на можностите за доживотно учење достапно во земјите учеснички во програмите;
  • го зајакнува придонесот за доживотното учење преку социјална кохезија, активно граѓанство, меѓукултурен дијалог, еднаквост на половите и лична исполнетост;
  • помага при унапредувањето на креативноста, конкурентноста, вработувањето и порастот на претприемачкиот дух;
  •  придонесува кон зголемено учество во доживотното учење на луѓе од различни возрасти, вклучувајќи ги и оние со посебни потреби и обесправените групи, без оглед на нивната социјално-економска положба;
  • го промовира учењето јазици и јазичната разновидност;
  • го поддржува развојот на иновативните содржини засновани на информатичката и комуникациската технологија, услуги, педагогии и практика за доживотно учење;
  •  ја зајакнува улогата на доживотното учење во создавање на чувство за европско граѓанство засновано на разбирање и почитување на човековите права и демократијата и охрабрување на толерантноста и почитта кон другите народи и култури;
  • ја поттикнува соработката на сите сектори за образование и обука во Европа со цел да обезбеди квалитет;
  •  ја поттикнува најдобрата употреба на резултати, иновативни производи и процеси и ги разменува функционалните практики од областите опфатени од Програмата за доживотно учење, со цел да го подобри квалитетот на образованието и обуката;
  •  објавува огласи за користење на програмите;
  •  ги информира граѓаните за работите поврзани со програмите, преку средствата за јавно информирање, изготвување билтени, интернет страница или на друг начин.