Информации

Национална агенција за нуклеарни технологии ан РМ
Кеј „Димитар Влахов“ бр. 3
Поштенски бр. 1000 Скопје

Национална агенција за нуклеарни технологии на РМ

Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија се основа  заради развивање на технологии и истражувања во областа на нуклеарната физика, физиката на елементарни честици и други истражувања во областа на нуклеарната наука.

  Oсновни надлежности на Агенцијата се:

  •  развивање на технологии и истражувања во областа на нуклеарната физика, физиката на елементарни честици и други истражувања во областа на нуклеарната наука,
  • учество на Република Македонија во научната програма на Европската организација за нуклеарни истражувања (во натамошниот текст: ЦЕРН),
  •  учество на научници, инженери, техничари и друг стручен кадар од Република Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН,
  •  развивање апликации за индустријата во Република Македонија,
  •  развивање медицински апликации,
  •  развивање апликации од областа на енергетиката,
  •  изработка на проекти за примена на нуклеарни апликации за мирновременски цели,
  •  едукативни активности во областа на нуклеарната наука и технологија, и во други сродни области,
  •  соработка со домашни и странски институции и организации од областа на нуклеарните технологии.