Информации

ЈП Водовод и канализација - Скопје
ул. Велко Влаховиќ бр. 11 Скопје тел. +389 (2) 2621 472,
+389 (2) 2621 508
e-mail: tehnicki@vodovod-skopje.com.mk

Нов приклучок

Нови приклучоци се издаваат во дирекција на ЈП “Водовод и канализација.

Приклучок за објект со платени комуналии

Опис на Постапка

  1. Откако на странката ќе и бидат издадени хидротехнички услови треба да се обрати  во Градски комитет за урбанизам, комунално станбени работи. Комитетот во согласност со хидротехничките услови издава Налог на одреден изведувач (градежна фирма.)
  2. Градежната фирма  се јавува во ЈП Водовод и Канализација (Сектор за технички работи и развој) со писмо и во прилог  доставува копија од хидротехнички услови и копија од налогот од Градски комитет .
  3. Инвеститорот е должен да плати за монтирање на водомер во шахта. Притоа треба да донесе потврда од  Служба за наплата за подмирени сметки. (барака 2)  и барање за нов приклучок.

Цена на услугата: според спецификација и ценовник на ЈП Водовод  канализација Рок за изработка на решението: 15 дена.

Приклучок за објект со платени комуналии без обврски

Опис на  Постапка

  1. Откако ЈП Водовод и Канализација ќе издаде хидротехнички услови, не постари од една година, инвестититорот поднесува барање за приклучок.
  2. Покрај барањето инвеститорот е должен да достави градежна дозвола и да плати за монтирање  на водомер во шахта, како и потврда од Служба за наплата на подмирени сметки. (барака 2)

Цена на услугата: според спецификација и ценовник на ЈП Водовод  канализација Рок за изработка на решението : 15 дена

Евидентирање на изведен приклучок

Опис на постапка

  1. За евидентирање на изведен приклучок , странката е потребно најпрвин да поднесе  потврда од Служба за наплата за подмирени сметки во дирекцијата на Ј.П.Водовод и канализација – Скопје (ул Вељко Влаховиќ бр.11 -приземје).
  2. Кон потврдата се поднесува и копија од сметка за струја / фиксен телефон.

Цена на услугата:

  • за домаќинства – 7000,00 денари + ДДВ 18%
  • за деловни објекти 14 000,00 денари + ДДВ 18%

Рок за изработка на решението: 10 дена.      

Потребни документи (Приклучок за објект со платени комунали)

  • Барање за нов приклучок;
  • Хидротехнички услови (не постари од 1 година);
  • Налог на одреден изведувач(градежна фирма);
  • Писмо и во прилог копија од хидротехнички услови и копија од налогот од Градски комитет;
  • Потврда од  Служба за наплата за подмирени сметки.

Потребни документи (Приклучок за објект со платени комуналии без обврски)

  • Барање за приклучок;
  • Хидротехнички услови (не постари од една година);
  • Градежна дозвола;
  • Потврда од Служба за наплата за подмирени сметки.

Потребни документи (Реконструкција на постоен приклучок за постојни објекти)

  • Одобрение за градба или копија од сметката за струја/фиксен телефон;
  • Потврда од Служба за наплата на подмирени сметки.

Потребни документи (Евидентирање на изведен приклучок)

  • Потврда од Служба за наплата за подмирени сметкич
  • Копија од сметка за струја / фиксен телефон.