Информации

Орган: Министерство за труд и социјална политика
Сектор: Сектор за заштита на децата
Одделение: Одделение за обезбедување на правата за заштита на децата

Скопјe:
Ул. Есперанто бб, Карпош
тел: 02/ 2035-540

Ул. Никола Карев бб, Центар - Скопје
тел: 02/ 3297-700

Александар Македонски бб, Гази Баба - Скопје
тел: 02/ 3224-368

Михаил Чаков бб, Кисела Вода - Скопје
тел: 02/ 2776-232

Берово
Ул. Младински кеј 2А
тел: 033/470-641

Битола
Карпош б.б
тел: 047/ 231-641 лок.106

Македонски Брод
Маршал Тито бр.9
тел: 045/275-003

Валандово
Ул. Никола Карев бр. 32
тел: 034/ 382-008

Виница
Ул. Страшо Пинџур бр. 5
тел: 033/ 361-305

Гевгелија
Ул. 7 Ноември бр.23
тел: 034/ 212-069

Гостивар
Ул. Сретко Крстевски бб
тел: 042/ 217-361

Дебар
Вељко Влаховиќ 45
тел: 046/ 831-119

Делчево
Бул. Макеонија бб
тел: 033/ 411-733

Демир Хисар
Маршал Тито бб
тел: 047/ 276-751

Кавадарци
Ул. ЈНА бр.11
тел: 043/ 414-456

Кичево
Ул. Даме Груев бб
тел: 045/ 225-170

Кочани
Ул.Гоце Делчев бб
тел: 033/ 274- 139

Кратово
Ул.Гоце Делчев
тел: 031/ 481-228

Крива Паланка
Ул.Никола Тесла
тел: 031/ 375-200

Крушево
Ул. Нико Доага бр.66
тел: 048/ 477-739

Куманово
Ул. Тодор Велков бр.4
тел: 031/ 438-170
031/438-160

Неготино
Ул. Гоце Делчев бр. 17
тел: 043/ 361-488

Охрид
Ул. Димитар Влахов бб
тел: 046/ 257- 494

Прилеп
Ул. Стеван Апостоловски бб
тел: 048/ 424-595
048/421-702

Пробиштип
Јордан Стојанов бр.16
тел: 032/483-127

Радовиш
Ул. 22 Октомври бб
тел: 032/ 635-601

Ресен
Ул. Ленинова
тел: 047/ 451-419

Св.Николе
Ул. Вељко Влаховиќ 38
тел: 032/ 443-30
032/444-456

Струга
Ул.15 Корпус б.б
тел: 046/ 783-139

Струмица
Ул. Ленинова 84
тел: 034/ 325-401

Тетово
Ул. 121 бр 2
тел: 044/ 339- 140

Велес
Ул. Петре Прличко бр. 34
тел: 043/ 239-174

Штип
Ул. Васил Главинов бб
тел: 032/ 394-466

Обезбедување на посебен додаток како паричен надоместок

Посебен додаток како паричен надоместок може да се обезбеди за дете, државјанин на Република Македонија со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.

Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој.

Дете со пречки во развојот и со специфични потреби е:
  • со тешка, потешка или најтешки пречки во телесниот развој;
  • со умерена, тешка или длабока ментална попреченост,
  • со најтешки облици на хронични заболувања;
  • најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице; практично глуво и тотално глуво лице;
  • лице со потполно отсуство на говорот, лице со тешко оштетен говор поради детска парализа, лице со аутизам, лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор) и
  • со повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Доколку целосно не е институционално згрижено на товар на државата еден од родителите на детето, старателот или лицето на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејство со него може да побара паричен надоместок за посебен додаток.

Корисникот на посебниот додаток треба да биде државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесувањето на барањето.

Висината на посебниот додаток изнесува 4.346 денари.

Износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Опис на постапката

Постапката за остварување на правото на посебен додаток се поведува по писмено барање на родителот, односно старателот на детето или лицето на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејство со него.

Барањето се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште.

По жалба против решението на центарот за социјална работа решава министерот за труд и социјална политика.

Жалбата не го одложува извршувањето на решението.

Поднесувачот на барањето е одговорен за вистинитоста на податоците во барањето.

Предвиден рок за постапката: oд 2 до 6 месеци.

Потребни документи

  • Барање за обезбедување на посебен додаток;
  • Извод од матична книга на родените на детето;
  • Уверение за државјанство на детето;
  • Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби на детето;
  • Решение за категоризација од Центарот за социјална работа;
  • Потврда од Центарот за социјална работа дека детето не е институционалано згрижено на товар на државата и
  • Лична карта на подносителот на барањето(фотокопија) со оригинал на увид.