Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар , Скопје
Работно време
08:30 - 16:30 часот

Обврска на странецот да го пријави престојувалиштето

Опис на постапка

Странецот на кого му е издадено решение за привремен престој во Р.Македонија должен е во рок од 3 дена по влегувањето во РМ да го пријави престојувалиштето, адресата на станот во кој престојува.

Пријавувањето се врши во надлежна полициска станица, за потоа картонот за адресата се приложи во изготвувањето на дозволата за привремен престој.

Странецот на кого му е дозволен  привремен престој должен е да ја пријави промената на адресата на станот во кој престојува, во рок од три дена од денот на промената на адресата и картонот за извршено пријавување го достави до инспекторот за странци заради евидентирање.

Образецот за пријавување или одјавување на живеалиштето или престојувалиштето на странецот, односно промената на адресата на станот, се поднесува лично од странецот.

За малолетниот член на семејството на странецот може да се поднесе од секој полнолетен член на семејството.

Образецот треба да биде уредно и читко пополнет.

Странецот е должен  да го одјави престојувалиштето или живеалиштето во рок од 24 часа пред заминувањето.

Потребни документи

  • пријава за  престојувалиште (образец бр.14) и
  • важечка и призната патна исправа или препис од истата.