Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Обврзник за плаќање, за пресметка и уплата на придонеси
ОБВРЗНИК ЗА ПЛАЌАЊЕ на придонеси од задолжително социјално осигурување е физичко лице/осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите и персоналниотданок, односно:
- Работник во работен однос кај правно лице
- Извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво, доколку не се осигурени по ниеден друг основ
- Самовработено лице
- Индивидуален земјоделец (односно носител на семејно земјоделско стопанство од прва, втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој, почнувајќи од 1 јануари 2016 година)
- Верско службено лице
- Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност, согласно со Закон
- Лице кое покрај примања од работен однос, самовработување или пензија, остварува и приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето плата за претходната година објавена од Државен завод за статистика
- Лице во работен однос кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа со работодавач кај кој е во работен однос или со други правни лица кои имаат сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот
- Лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон
- Работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство
ОБВРЗНИК ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА на придонеси од задолжително социјално осигурување е субјектот кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите и персоналниот данок.
- Работодавач
- Правно лице – исплатувач на надоместокот
- Самовработено лице
- Извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговоско друштво
- Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија
- Фондот за здравствено осигурување на Македонија
- Агенцијата за вработување на Република Македонија
- Министерство за здравство
Поднесување на пресметка за плата за специфични категории
- ФПИОМ поднесува образец “МПИН“ пресметка за самовработено лице; верски службени лица; индивидуалните земјоделци, односно носители на семејно земјоделско стопанство; лицата во продолжено осигурување само за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување; извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по ниеден друг основ; лице кое покрај примања од работен однос, самовработување или пензија, остварува и приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето плата за претходната година објавена од Државен завод за статистика; лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон; како и “МПИН“ пресметка за пензионерите само за придонесот за задолжително здравствено осигурување.
- АВРМ поднесува “МПИН” образец за невработените лица кои примаат паричен надоместок, за лицата кои се на обука и осигуреник кој пристапил во продолжено осигурување согласно Закон.
- ФЗОМ поднесува “МПИН” пресметка за верски службени лица; индивидуалните земјоделци односно носители на семејно земјоделско стопанство; извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по ниеден друг основ и др.; лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, освен корисници на пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување; државјанин на РМ вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, а имал живеалиште на територијата на РМ непосредно пред засновање на работниот однос во странство; државјанин на РМ кој прима странска пензија или инвалиднина додека престојува на територијата на Републиката; странец кој на територијата на РМ е во работен однос или во служба на странски физички лица и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва; странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката; сите лица кои немаат право на здравствено осигурување по друга основа.
- Министерство за здравство за граѓани на Република Македонија кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по ниедна друга основа; и работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство.
- Министерството за култура е обврзник за пресметка и уплата за врвни уметници.
- Агенцијата за млади и спорт е обврзник за пресметка и уплата за врвните спортисти кои се стекнале со таков статус врз основа на решение од Агенцијата.
- Професионален спортски клуб за спортист аматер.
- Биро за регионален развој поднесува МПИН пресметка само индивидуалните земјоделци со кои Бирото има склучено договор за субвенционирање на придонесот за ПИО.
- Центар за социјални работи поднесува МПИН пресметка за исплата на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на потешко хендикепирано дете.
- Општината (локална самоуправа) е обврзник за пресметка и уплата за невработените лица кои ќе извршуваат јавни работи.
- Установа од областа на образованието за ученик и студент за време на практична работа.
- Управа за извршување на санкции за лица на издржување на казна затвор за време на редовна работа што ја врши во текот на издржување на казната.