Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Оданочување според паушално утврден нето приход

Обврзници кои може да се оданочуваат според паушално утврден нето приход

Обврзниците кои поради определени околности:

  1. не се во состојба да водат деловни книги
  2. водењето на деловните книги им го отежнува вршењето на дејноста
  3. кои не вработуваат други лица
  4. во чија дејност не вложуваат и други лица и
  5. остваруваат нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати

имаат право да поднесат Барање за паушално утврдување на данокот (образец “ПДД-П“) до Управата за јавни приходи и данокот од доход за приходите од вршење на дејност да го плаќаат според паушално утврден нето приход.

Рок за поднесување на Барањето за паушално плаќање на персоналниот данок на доход

Барањето за паушално плаќање на персоналниот данок на доход се поднесува до Управата за јавни приходи според местото на живеење на даночниот обврзник, до 31 декември во годината која и претходи на годината за која се утврдува данокот.

Паушално оданочување не се признава за:

  1. обврзникот кој врши трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организираните зелени пазари);
  2. кој вработува други лица;
  3. во чија дејност вложуваат и други лица и
  4. чиј нето приход во годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот е повисок од две годишни просечни плати.

Ако Управата за јавни приходи утврди дека престанале условите поради кои на обврзникот му е признаено правото данокот да го плаќа според паушално утврдениот нето приход, ќе треба да го задолжи да води деловни книги.

Паушално оданочување на приходите од земјоделска дејност

Обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност може да се оданочуваат според паушално утврден нето приход доколку вкупниот приход во годината за која се утврдува данокот не го надминува износот од 1.300.000 денари.

Како обврзници на приходи од земјоделска дејност се сметаат и лицата кои земјоделската дејност ја вршат како дополнително занимање.

* Паушално оданочување не се признава за обврзникот на приходи од земјоделска дејност чиј вкупен приход во годината за која се утврдува данокот го надминува износот од 1.300.000 денари.

Рок за поднесување на Барањето за паушално плаќање на персоналниот данок на доход

Правото на паушалното оданочување се остварува врз основа на поднесено барање до Управата за јавни приходи (образец “ПДД-ПЗ“).

Барањето за паушално оданочување се поднесува до даночните канцеларии на УЈП секоја година, најдоцна до 31 јануари наредната година.

За прва регистрација или промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец задолжително се поднесува и образецот “УЈП-РДО/З“ – Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност.